Други спортови Тенис

Крај за тениските маратони? Новак Ѓоковиќ со радикална идеја!

Најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја разбранува спортската јавност со иницијатива која целосно го менува начинот на кој се игра тенисот. Српскиот ас смета дека денешниот ритам бара драстично побрзи мечеви, па излезе со предлог за целосно укинување на традиционалниот систем на бодување.

Говорејќи за еволуцијата на спортот во разговор со инфлуенсерот Ник Кутракос, Ѓоковиќ посочи дека традиционалниот формат едноставно веќе не го држи вниманието на новите генерации. Неговата визија предвидува сетовите да се скратат на четири добиени гема, со комплетно бришење на правилото „предност“ при резултат 40:40.

„На тенисот итно му треба нов систем на бодување. Сетовите не треба да се играат до шест гема, туку до четири, а при 40:40 да се игра еден одлучувачки поен. Дури и кога би се играло во три добиени сета, мечот не би траел подолго од два часа. Тоа е најдоброто решение за сите“, порача Ѓоковиќ.

Она што ја прави оваа идеа посебно интересна е фактот што доаѓа токму од човекот кој ја изгради својата империја на нереална физичка издржливост и добивање маратонски мечеви кои траеја со часови. Сепак, Ѓоковиќ сфаќа дека за да остане атрактивен за публиката и телевизијата, тенисот мора да стане подраматичен и поефикасен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.