Меѓународен фудбал Фудбал

Крај за хаосот при прекините: Судиите во Премиер лигата добија нови, построги инструкции!

Премиер лигата реши конечно да му стави крај на хаосот во петерецот за време на корнерите и прекините. Иако самите правила остануваат непроменети, арбитрите за новата сезона добија директни насоки да бидат значително построги и веднаш да ги санкционираат сите нефудбалски потези.

Анализите покажаа дека ВАР минатата сезона пропуштил дури 20 интервенции, од кои четвртина биле чисти недосудени пенали. Од оваа сезона, судиите со посебно внимание ќе ги следат играчите кои се фокусираат исклучиво на ривалот наместо на топката, влечењето за дрес или со двете раце, како и секое спречување на противникот да оди кон топката.

Шефот на судиската организација, Хауард Веб, порача дека ги охрабрува судиите за помалку усни предупредувања, а повеќе досудени прекршоци и пенали, што според него е единствениот пат да се промени однесувањето на фудбалерите на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.