Меѓународен фудбал Фудбал

Крај на златната ера на Аргентина? По Меси, Скалони заминува во декември, а следат и ветераните

Лионел Меси и официјално стави крај на својата репрезентативна кариера по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство од Шпанија. По 207 одиграни натпревари, 125 постигнати голови, освоена светска титула и два трофеи во Копа Америка, еден од најголемите фудбалери во историјата го затвори поглавјето во националниот дрес коешто започна уште во август 2005 година.

Повлекувањето на капитенот означува и почеток на комплетна реконструкција кај „гаучосите“. Селекторот Лионел Скалони потврди дека ќе остане на кормилото до декември, по што во разговор со Фудбалскиот сојуз на Аргентина се очекува и тој дефинитивно да стави крај на трофејниот циклус во кој ги донесе најголемите успеси на репрезентацијата во овој век.

Според најавите од Буенос Аирес, по стапките на Меси најверојатно ќе тргнат и неговите најблиски соборци од теренот, Родриго де Пол и Леандро Паредес, а за истата одлука размислува и голманот Емилијано Мартинез.

По повод репрезентативното пензионирање, на социјалните мрежи се огласи и неговата сопруга Антонела Рокузо:

„Горда сум што те гледам како го затвораш ова поглавје на ваков начин, Лео. По сите овие години, сите тешки моменти, падови и повторни издигнувања, имав можност да те видам како ги остваруваш своите соништа. Но, она што најмногу ме допира е тоа што нашите деца израснаа доживувајќи ги одблизу сите тие незаборавни моменти.“

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.