Еден од најпопуларните борци во регионот, Васо Бакочевиќ стави крај на својата професионална ММА кариера. Оваа одлука доаѓа по неговиот тежок пораз на спектаклот ФНЦ 31 во Белград. Црногорецот отсега ќе настапува само на егзибициони мечеви од забавен карактер.
Бакочевиќ загуби експресно од хрватскиот ветеран Хрвоје Сеп уште во првата рунда. Дел од публиката во салата бурно реагираше и го испрати со свирежи од трибините. Веднаш по натпреварот, популарниот борец се огласи на социјалните мрежи и го потврди повлекувањето.
„Добро почна, но лошо заврши. Честитки до Хрвоје Сеп за победата. Благодарност до организацијата ФНЦ, ме третиравте како крал. Едноставно не можам повеќе да се борам на ова ниво. Не сакам да заземам место на некој што стварно заслужува. Голема благодарност и до навивачите за поддршката. По шеснаесет години кариера, време да го променам описот од „професионален“, во „фрик“ борец. Се гледаме во октомври на БФЦ“, порача Бакочевиќ.

