Кошарка Меѓународна кошарка

Кожув со триумф над ТФТ ја затвори сезоната

Кошаркарите на Кожув со победа пред својата публика од 91:79 против лидерот ТФТ ја финишираа сезоната во МТЕЛ Супер лигата. Во натпревар кој немаше никакво резултатско значење за двете екипи, домашната екипа успеја да дојде до победа против фаворитот од Скопје. Во екипата на Кожув најпрецизни беа Бојчев со 16 поени и Василевски со 15 поени, додека кај гостите од Скопје, Ташовски постигна 24 поени.

Во полуфиналето ТФТ ќе се сретне со Маџари, а вториот полуфинален пар го сочинуваат МЗТ Скопје и Пелистер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести