Кошарка Македонска кошарка

Кожув подобар од Тиквеш, Работнички останува во Супер лигата!

Кожув славеше победа на гостински терен против Тиквеш во Кавадарци со 90:97, во рамки на 26. коло од групата на победниците во кошаркарската МТЕЛ Супер лига. По израмнетото прво полувреме, гостите беа подобриот противник во вториот дел и го решија натпреварот во своја полза. Боувен го предводеше тимот на Кожув со 31 поен и 17 скокови, додека кај домашната екипа Бошалевски забележа 21 поен.

Во Плеј-аут групата се одиграа два натпревари. Феникс 2010 со поразот од Чаир 2030 на гостински терен со резултат 76:63, официјално ја заокружи тројката, заедно со Гостивар и КК Ангели, која ќе ја напушти Супер лигата на крајот од сезоната. Со овој пораз на Феникс, Работнички, како клуб со највеќе освоени првенствени титули и од наредната сезона ќе биде дел од Супер лигата.

Во дуелот на двете последнопласирани екипи, Гостивар беше поуспешен и дојде до победата на гостувањето кај КК Ангели со резултат 80:94.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести