Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Кожан и Тарафета воодушевени од атмосферата во Скопје!

Нант успеа да го совлада Вардар со 33-32 во драматичен натпревар во „Јане Сандански“, а по последниот свиреж од францускиот табор не штедеа комплименти за атмосферата во Скопје. Тренерот на Нант, Грегори Кожан, го опиша натпреварот како исклучително неизвесен, нагласувајќи дека неговиот тим имал и доза среќа во завршницата.

„Неверојатно луд натпревар. Знаеме дека е многу тешко да се игра тука, но ние бевме посреќни и стигнавме до победа. За мене ова беше првпат во Скопје и навистина беше неверојатно“, изјави Кожан.

Слични впечатоци имаше и ракометарот на Нант, Тарафета, кој особено ја истакна поддршката од трибините во „Јане Сандански“.

„Луд натпревар, првпат сум тука и навистина ова е најдобрата атмосфера во светот. Тежок натпревар од почетокот до крајот и среќни сме што победивме“, изјави Тарафета.

Нант до победата стигна со гол од пенал во последните секунди, откако Леополд беше прецизен од седум метри за конечни 32-33.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.