Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Косуке Јасухира потпиша во ГРК Охрид

ГРК Охрид се засили со ново име во пресрет на завршницата од сезоната. Во клубот пристигна јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира, кој ќе го носи дресот на охриѓани како позајмен играч до крајот на натпреварувачката година.

Станува збор за 25-годишен среден бек, кој доаѓа од кувајтскиот Бурган, а на македонската публика е веќе познат по настапите за РК Вардар 1961. Неговото доаѓање се очекува да биде дополнителен адут за Охрид во борбата за што подобар пласман, особено во настапите во Европскиот куп на ЕХФ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести