Стандардниот македонски репрезентативец Тихомир Костадинов одигра уште еден одличен натпревар во чешкиот шампионат во дресот на Словачко. И покрај ситната повреда која ја има на раката, играчот од средниот ред имаше удел во победата на својот тим против Баник Острава, откако во 54′ минута асистираше за соиграчот Травник кој го отвори резултатот.
Сино белите, со голот на Оуанда во 56′ минута го решија натпреварот, иако гостите го намалија резултатот во 79′ минута и ги поставија конечните 2-1. На овој натпревар настапи и дефанзивецот Андреј Стојчевски кој заработи жолт картон во 29′ минута.
Словачко продолжува грчевито да се бори за опстанок, на две кола до крајот на шампионатот се наоѓаат на позицијата број 14. која води во бараж натпревар за опстанок во елитата и имаат шест бодови помалку од тимот на Теплице кој се наоѓа во сигурната зона.

