Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Корејците незадоволни од изборот на судија за мечот со Мексико!

Мексико го отвори Светското првенство со убедлива победа над Јужна Африка, додека Јужна Кореја покажа карактер и со пресврт славеше против незгодната Чешка. Веќе е јасно дека овие две репрезентации во директен дуел ќе одлучуваат за првото место во групата А, на стадионот во Гвадалахара во ноќта меѓу четврток и петок (три часот по полноќ). Но, пред почетокот на овој голем натпревар, од таборот на азиската селекција пристигнаа сериозни поплаки на сметка на ФИФА.

Светската куќа на фудбалот за главен арбитар го делегираше Уругваецот Густаво Техера, што предизвика голема загриженост кај Јужнокорејците. Како што пренесува влијателниот медиум „Спортс Чосун“, јавноста и навивачите ја преиспитуваат оваа одлука бидејќи сметаат кое нивната репрезентација ќе биде во подредена позиција поради јазичната бариера. Тие реагираат дека не е праведно што ФИФА не избра судија кој би зборувал јазик што е неутрален за двете екипи. Во корејскиот тим само Ли Канг-Ин зборува шпански и ќе може рамноправно да комуницира со Техера, додека за сите мексикански фудбалери тоа е мајчин јазик. Како позитивен пример, Корејците го посочуваат претходниот меч со Чешка, каде што правдата ја делеше неутрален арбитар од Египет.

Сепак, овие критики не се насочени кон квалитетот на уругвајскиот судија, туку кон самиот принцип на делегирање. Интересно е што, ако се погледне историјата, Јужна Кореја има фантастичен скор на Мундијалите токму кога на центарот стојат луѓе од јужноамериканскиот континент.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.