По неуспехот на Италија да обезбеди место на Светското првенство, Антонио Конте се појави како главен кандидат за наследник на Џенаро Гатузо, но неговото враќање во националниот тим ќе бара сериозна финансиска жртва. Според информациите од Италија, актуелниот стратег на Наполи ќе мора да прифати двојно помала плата од сегашната, со оглед на тоа што федерацијата нуди околу 3 милиони евра, што е далеку под неговите примања кај „наполитанците“.
Иако Конте има важечки договор со Наполи за уште една сезона, желбата за нов селекторски предизвик по крајот на натпреварувачката 2025/2026 година би можела да пресуди. Покрај него, во игра за „жешкото“ столче е и Масимилијано Алегри, но искуството на Конте и претходниот мандат го ставаат на врвот на листата желби. Останува да се види дали спонзорските договори ќе успеат да ја пополнат финансиската дупка и да го убедат трофејниот тренер повторно да ги предводи „Азурите“.

