Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор викендов се враќа во октагонот на настанот УФЦ 329. Тој ќе ги одмери силите со Макс Холовеј во Лас Вегас.
За време на промоцијата на овој настан, Мекгрегор доби прашање за наследството на неговиот поранешен ривал, Хабиб Нурмагомедов. Дагестанецот ја заврши кариерата со перфектен скор без ниту еден пораз. Ирската ѕвезда воопшто не е импресионирана од тие бројки и упати жестоки критики.
„Ништо не направи во овој спорт. Имаше само три силни противници во УФЦ. Се бореше со мене по моите долги забави на јахти. Имав судски проблеми, но и 200 милиони во банка. Се вратив само поради него. Издржав четири рунди со скршен прст. Што направи тој потоа? Ништо. Тој човек едноставно нема храброст. Никогаш не ризикуваше во друга категорија. Првиот дел од кариерата го помина во некоја недојдија. При скор 12-0 се бореше со почетници. Ова не е бокс“, порача Мекгрегор.
На крајот од своето излагање, Конор додаде уште една провокација. Тој изјави дека Ислам Махачев е многу покомплетен и подобар борец од Нурмагомедов.

