Боречки спортови Други спортови

Конор МекГрегор се враќа во октагонот!

Светот на мешаните боречки вештини (ММА) повторно се наоѓа пред вистински земјотрес, со оглед на тоа што најголемата и најконтроверзната ѕвезда во историјата на овој спорт го најави своето враќање на сцената. Паузите поради тешки повреди често знаат да згаснат многу кариери, но кај најхрабрите тие само го палат огнот за уште едно докажување пред милионскиот аудиториум.

По долги месеци поминати во шпекулации и неизвесност, сега веќе нема дилеми, Ирската икона Конор МекГрегор официјално се враќа во UFC. Неговиот камбек е закажан за 11 јули во култната „Т-Мобајл Арена“ во Лас Вегас, каде што во рамките на настанот UFC 329 ќе ги вкрсти ракавиците со Макс Холовеј. Првиот човек на организацијата, Дејна Вајт, лично ја потврди оваа мега-пресметка која ќе се одржи во велтер категорија.

За Мекгрегор ова ќе биде прво појавување во октагонот по пауза од речиси пет години, односно по оној кобен меч во јули 2021 година кога заработи тешка фрактура на ногата во третиот дуел против Дастин Поарие. Оваа борба со Холовеј всушност ќе биде нивен втор меѓусебен судир во кариерата. Првиот пат се бореа уште во далечната 2013 година, кога МекГрегор славеше со едногласна одлука на судиите благодарение на одличната тактика на партер, и покрај тоа што среде мечот заработи повреда.

Во меѓувреме, кариерата на Макс Холовеј отиде во нагорна линија и тој стана еден од најпочитуваните борци во UFC, освојувајќи ја титулата во пердув категорија и престижниот „BMF“ појас. Холовеј во овој дуел влегува со огромен мотив за одмазда, особено по неодамнешниот пораз од Чарлс Оливеира на UFC 326. Оваа желба за реванш од една страна и гладта за победа на МекГрегор од друга страна, гарантираат незаборавна ноќ во Невада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.