Боречки спортови Други спортови

Конор Мекгрегор не се откажува, по тешката повреда најави нов камбек (ВИДЕО)

Конор Мекгрегор започна нов процес на опоравување откако успешно беше опериран по тешката повреда на коленото која ја заработи при враќањето во октагонот на UFC 329. Ирецот ги повреди предните вкрстени лигаменти и менискусот уште на почетокот од борбата против Макс Холовеј, која беше прекината по само нешто повеќе од една минута.

Мекгрегор објави видео од закрепнувањето со ортопедска помагала и порача дека неговиот менталитет останува непроменет.

„Операцијата помина успешно, коленото е поправено и патот кон опоравување започнува. Мојот ум е нескршлив“, порача поранешниот шампион на UFC.

Како мотивација ги посочи борците како Доминик Круз и Жорж Сен-Пјер, но и спортските легенди Том Брејди и Арон Роџерс, кои успеале да се вратат по сериозни повреди. Мекгрегор планира да ја одработи последната борба од договорот со UFC, која е предвидена за 2027 година, а негова желба е трилогија против Холовеј. Ирецот најавува дека вистинската работа за неговото враќање допрва започнува.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.