Меѓународен фудбал Фудбал

Конференциска лига: Шишковски и Херера против Елмас, Растодер и Панатинаикос против Фрајбург

УЕФА ја комплетираше ждрепката и за лигашката фаза од Конференциската лига за сезоната 2026/27, во која учество ќе земат дури седуммина македонски фудбалери: Елиф Елмас, Езѓан Алиоски, Елмин Растодер, Висар Муслиу, Матеј Гаштаров, Себастијан Херера и Дамјан Шишковски. Според новиот систем, секој тим ќе одигра вкупно шест натпревари, три на домашен терен и три на гости, добивајќи по еден противник од сите шест шешири.

Најголеми шанси за висок пласман му се даваат на Елиф Елмас со неговата Аталанта, која беше најдоброрангиран тим во првиот шешир. Интересно е што италијанскиот состав за противник го доби и Борац Бања Лука за кој настапуваат Себастијан Херера и Дамјан Шишковски, додека Елмин Растодер со Панатинаикос ќе одмери сили против германскиот бундеслигаш Фрајбург.

Противници на екипите од првиот шешир:

Аталанта: Ајакс, Пафос, Борац Бања Лука, Каират Алмати, Рига, Мјалби

Брага: Копенхаген, Гент, КуПС, Бран, Архус, Егнатија

Ајакс: Аталанта, Мидтијиланд, Хетафе, Сент Труиден, Хајдук Сплит, Тун

Фрајбург: Монако, Панатинаикос, Твенте, Трабзонспор, Јаблонец, Кауно Жалгирис

Монако: Фрајбург, Брајтон, Линколн, Хартс, Нордсјеланд, ЦСКА Софија

Копенхаген: Брага, Црвена Звезда, Лугано, Универзитеа Крајова, Интер Ескалдес, Иберија Тбилиси

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.