Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Коне го заврши настапот на Мундијалот, следи пауза од 6 месеци

Најлошите прогнози се потврдија за канадскиот репрезентативец Исмаил Коне, кој заработи сериозна повреда на натпреварот против Катар на Светското првенство. По грубиот старт на Асима Мадибо, Коне се здоби со повеќекратни скршеници на левата нога и наскоро ќе биде опериран. Според првичните информации, станува збор за скршеница на фибулата, а можно е да има и повреда на тибијата.

Се очекува играчот на Сасуоло да паузира меѓу четири и пет месеци, што значи дека за него Мундијалот е завршен. Селекторот на Канада, Џеси Марш, не го криеше разочарувањето по натпреварот.

„Сите сме потресени. Исмаил е исклучително важен дел од овој тим и тешко е да се гледа ваква повреда“, изјави Марш.

По инцидентот, Мадибо го посетил Коне во болница и лично му се извинил за стартот кој доведе до една од најтешките повреди на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.