По комплетирањето на плејоф квалификациите, познати се сите 36 учесници во новото издание од УЕФА Лигата на Европа за сезоната 2026/27. Најголемо изненадување по комплетирањето на плејоф колото вчера, е поразот на Црвена Звезда која по убедливата победа од 3-4 на домашен терен, вчера доживеа убедлив пораз во Плзен и својот европски пат ќе го продолжи во Конференциската лига.
Ждрепката за лигашката фаза ќе се одржи денеска со почеток од 13:00 часот, а клубовите се поделени во четири шешири според нивниот УЕФА коефициент:
Прв шешир: Баер Леверкузен, Бенфика, Јувентус, Милан, Лион, АЗ Алкмар, Олимпијакос, Реал Сосиедад, Олимпик Марсеј
Втор шешир: Ференцварош, Викторија Плзен, Унион Сен Жилоаз, Динамо Загреб, Салцбург, Селтик, Спарта Прага, Рен, Андерлехт
Трет шешир: Штурм Грац, Лех Познањ, Кристал Палас, Борнмут, Сандерленд, Цеље, Јагиелонија, Омонија, Селта Виго
Четврти шешир: Хофенхајм, Бешикташ, Торенсе, Хапоел Бер Шева, НЕК Најмеген, ОФИ Крит, Лилестром, Левски Софија, Арарат-Арменија
Форматот е идентичен како и во Лигата на шампионите, секој клуб ќе добие по два ривала од секој шешир,вкупно осум натпревари, четири на домашен терен и четири на гости. Лигашката фаза официјално започнува на 16 и 17 септември 2026 година. По завршувањето на осумте кола, најдобрите осум екипи директно се пласираат во осминафиналето, додека клубовите позиционирани од 9. до 24. место ќе играат во плејоф-рундата за пласман во нокаут-фазата.

