Меѓународен фудбал Фудбал

Комо воведе строги правила: Не доаѓаш на три меча, ја губиш сезонската карта!

Италијанскиот клуб Комо воведе необично строги правила за сопствениците на сезонски билети пред нивната историска дебитантска сезона во Лигата на шампионите. По сензационалниот пласман на петтото место во Серија А, интересот за домашните натпревари на стадионот „Синигаља“ доживеа вистински бум.

Поради ограничениот капацитет од околу 11.000 гледачи за европските мечеви, клубот реши жестоко да го казни неоправданото отсуство. Доколку некој навивач пропушти повеќе од три домашни натпревари без валидна причина, Комо го задржува правото веднаш да му ја одземе сезонската карта.

Покрај губењето на билетот за тековната сезона, прекршителите ќе го изгубат и правото на приоритет за купување карти за следната година. Раководството исто така апелираше сите неискористени билети да им се отстапуваат исклучиво на докажани фанови на клубот од безбедносни причини. Во меѓувреме, на стадионот интензивно се одвиваат градежни работи за целосно исполнување на високите стандарди на УЕФА.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.