Италијанската фудбалска сензација Комо за само неколку години помина пат од четвртата лига до место во елитната Лига на шампиони, но огромниот успех брзо го стави клубот под лупа на УЕФА. Под палката на Сеск Фабрегас, сопствениците инвестираа над 340 милиони евра за нови засилувања во изминатите три сезони, а паралелно одвоија уште десетици милиони евра за реновирање на стадионот и изградба на модерен тренинг-центар.
Трошењето продолжи со соборени рекорди и ова лето. На „Синигаља“ пристигнаа звучни имиња како Нико Паз од Реал Мадрид за 60 милиони евра, Тревор Чалоба од Челси и Јан Коуто од Дортмунд, откако претходно беа ангажирани и Мартин Батурина и Хесус Родригез. Ваквите цифри веднаш ги отворија прашањата за прекршување на финансискиот фер-плеј, но раководството на италијанскиот клуб воопшто не се грижи за предупредувањата од Нион.
Претседателот Мирван Суварсо порача дека нема намера да ја менува стратегијата. Според него, евентуалната казна од УЕФА ќе ја прифатат како сосема нормална последица од нивната работа и само уште една пречка што ќе мора да ја прескокнат на патот кон врвот.

