Меѓународен фудбал Фудбал

Комо на Фабрегас во обид да ја запре разиграната „волчица“

Неделната фудбалска програма во италијанската Серија А започнува со една од најинтересните пресметки во 6. коло, каде што разиграниот состав на Комо во пладневниот термин го пречекува тимот на Рома. Римската „волчица“ пристигнува во извонредна форма со четири победи, едно реми и застрашувачка гол-разлика од 14:3, но пред себе има ривал кој веќе покажа дека не се плаши од авторитети.

Искусниот стратег на гостите, Џан Пјеро Гасперини, пред патувањето изрази огромен респект кон работата на Сеск Фабрегас, истакнувајќи дека Комо веќе одамна не е изненадување туку клуб со сериозен проект. Според Гасперини, иако Интер во моментов има мала предност во шампионатот, екипите како Комо, Рома, Јувентус, Милан, Наполи и Аталанта ја сочинуваат главната група која директно ќе одлучува за самиот врв во калчото.

Од другата страна, Фабрегас најави дека неговите фудбалери нема да се повлечат пред фаворитот. Шпанскиот стручњак потенцираше дека Рома е исклучително опасна и офанзивна екипа во која дури и дефанзивците редовно се приклучуваат во завршницата на нападите, поради што Комо ќе мора да одигра на највисоко можно ниво и храбро да влезе во отворена борба за сите три бода.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.