Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Колумбија и Португалија ги поделија бодовите, ДР Конго со голем пресврт до нокаут фаза! (ВИДЕО)

Последната рунда во групата К на Светското првенство донесе огромна драма и дефинитивен расплет. Пред почетокот на последните деведесет минути, главното прашање беше дали Колумбија или Португалија ќе го освои првото место во групата. На крајот, по жестока и беспоштедна битка во Мајами, Колумбијците, во натпревар во кој беа подобриот противник, дојдоа до реми без гологи, кое им беше сосема доволно за да останат лидери и од врвот на табелата да ги пречекаат елиминациите. Португалија, предводена од Кристијано Роналдо, мораше да се задоволи со втората позиција на табелата.

Вистинско лудило со неверојатен почеток се случуваше на вториот натпревар од оваа група. Узбекистан постигна гол уште во 19-та секунда преку Шомуродов, но тој веднаш беше поништен поради офсајд. Сепак, истиот играч се поправи во 10-та минута кога донесе водство за својата селекција. Минималната предност на Узбекистан беше активна сè до средината на второто полувреме, кога на сцената стапија фудбалерите на ДР Конго. Прво Виса од белата точка донесе израмнување, а само дванаесет минути подоцна Мајеле погоди за целосен резултатски пресврт. Точка на големата победа стави уште еднаш Виса со одличен удар од далечина во судиското продолжение. Со овој триумф од 3:1, ДР Конго со четири бода обезбеди пласман во нокаут-фазата, додека за Узбекистан натпреварувањето е завршено.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.