Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Колумбија го совлада ДР Конго и со максимален ефект обезбеди осминафинале! (ВИДЕО)

Селекцијата на Колумбија стана нов патник во нокаут-фазата на Светското првенство откако во драматичен меч со минимални 1-0 го скрши фанатичниот отпор на ДР Конго. Јужноамериканците тотално доминираа во текот на целиот натпревар, диктирајќи го темпото со 64 проценти посед на топка и дури 20 упатени удари, но африканскиот дефанзивен блок долго одолеваше благодарение на нереалните одбрани на голманот Лионел Емпаси. Чуварот на мрежата на Конго правеше чуда, во неколку наврати ги фрустрираше Луис Дијаз и Даниел Муњоз, а на Колумбијците уште во шестата минута по ВАР проверка им беше поништен и погодок поради офсајд.

Казната за големите промашувања висеше во воздух сè до 76-та минута, кога Хуан Кинтеро испрати хируршки прецизно додавање, а упорниот Муњоз со остар удар со косо конечно го матлираше дотогаш несовладливиот Емпаси.

Во судиското продолжение фудбалерите на ДР Конго тргнаа на сè или ништо и креираше две колосални шанси за изедначување, но тогаш на сцената стапи колумбискиот чувар Камило Варгас, кој со две врвни интервенции ја спаси победата.

Со овој триумф Колумбија се зацементира на првото место во групата К со максимални шест бода и во последното коло против Португалија ќе игра дерби за лидерската позиција каде доволно ќе и биде и реми. Наспроти нив, ДР Конго својата мундијалска историја и шанса за пласман меѓу најдобрите третопласирани селекции ќе ја брка на одлучувачкиот меч против Узбекистан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.