Меѓународен фудбал Фудбал

Колку може Тотенхем да потроши? Мудрик и Тосин пристугниваат од Челзи

Во самиот финиш од летниот преоден рок, Тотенхем договори двоен пакет од редовите на градскиот ривал Челзи. Менаџерот Роберто де Зерби мораше брзо да реагира на пазарот и да се насочи кон Михајло Мудрик и Тосин Адарабиојо, откако претходните желби на клубот, Коди Гакпо и Илиман Ндијаје, станаа недостижни.

Поради строгите правила на Премиер лигата кои дозволуваат позајмување на само еден фудбалер од ист клуб, Тотенхем мораше да примени комбиниран модел. Украинското крило Мудрик, кој неодамна му се врати на фудбалот по подолга пауза поради допинг суспензија, пристигнува на едногодишна позајмица за која Тотенхем ќе плати четири милиони евра, без опција за задолжителен откуп. Од друга страна, централниот дефанзивец Тосин Адарабиојо преминува во Северен Лондон со комплетен купопродажен договор вреден 8,2 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Пристигнувањето на Адарабиојо отвора простор за заминување на Кевин Дансо во Сандерленд на позајмица вредна 2,5 милиони евра, со клаузула за задолжителен откуп од 22,5 милиони евра доколку неговиот нов клуб заврши меѓу првите десет во елитата. Со ова Челзи ја продолжи реконструкцијата во одбраната, каде што летово веќе заминаа Трево Чалоба, Беноа Бадијашил, Мамаду Сар и Аксел Дисаси.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.