Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Кој нормален мести 3:3?! Рангник збесна по приказните за таен пакт со Алжир!

Шпекулациите дека Австрија и Алжир ќе одиграат математичко реми за двете селекции да си ги визираат пасошите за следната фаза, наидоа на жесток и ироничен одговор од австрискиот селектор Ралф Рангник. По нереалниот трилер во Канзас Сити и конечните 3:3, искусниот стратег реши со силен тон да ги замолкне сите оние кои уште пред почетокот ширеа теории за некаков таен пакт меѓу двете репрезентации.

Рангник отворено порача дека треба да се биде комплетно надвор од умот за да се поверува дека вакво лудило со шест погодоци може однапред да се изрежира. За него е апсолутно смешно тврдењето дека фудбалерите калкулирале на теренот, особено по драмата во последните 90 секунди. Австрискиот кормилар подвлече дека во завршните 15 минути од мечот секој објективен гледач можел да забележи оти двата тима со сите сили напаѓале за да победат, а не за да ремизираат.

Германскиот стручњак стави точка на шпекулациите со став дека е невозможно во 93. минута некој свесно да испланира паѓање на уште еден гол за да се задоволат математичките комбинации. Иако крајниот исход ги однесе и двете репрезентации во нокаут-фазата, за Рангник битката на теренот била максимално чесна, а приказните за некаков договор ги нарече чиста глупост.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.