Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Кој ги дизајнира дресовите за Мундијалот 2026?

Светското првенство во 2026 година ќе донесе и голема битка на спортските брендови. Репрезентациите ќе ги претстават своите најнови дизајнерски креации на глобалната сцена. Дресовите одамна не се само опрема, туку и вистински спортски модни парчиња.

Дури 77 отсто од селекциите ќе носат дресови од големата тројка: Адидас, Најк и Пума. Адидас е апсолутен лидер и дизајнираше опрема за дури 14 национални тимови. Меѓу нив се актуелниот светски првак Аргентина, Германија, Шпанија и ко-домаќинот Мексико.

Американскиот гигант Најк е на второто место и облекува 12 репрезентации. Овој бренд се погрижи за изгледот на ко-домаќините САД и Канада, како и Бразил и Англија. Пума се наоѓа на третата позиција и креираше дресови за 11 селекции. Во оваа група се истакнуваат репрезентациите на Португалија и Мароко.

Остатокот од тимовите на турнирот ќе настапат во опрема од помали производители. Шпанскиот бренд Келме ги дизајнира дресовите за Босна и Херцеговина и Јордан. Некои селекции, како Еквадор, Иран и Узбекистан, избраа локални компании за својот визуелен идентитет. Останатите брендови како Умбро, Рибок, Капа и Јако ќе имаат по еден свој претставник на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.