Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Кои ѕвезди нема да настапат на СП 2026?

Светските првенства отсекогаш биле најголемото достигнување во фудбалот и фудбалската цена, но не секогаш најголемите репрезентации и ѕвезди можат да обезбедат свое место и да учествуваат. Секое издание носи ,,големи отсуства“ поради неуспешни квалификации или силна конкуренција меѓу националните селекции. Новиот мондијал, кој ќе се одржи во Сад, Канада и Мексико започнува за нешто повеќе од 3 месеци и ќе донесе историски формат со дури 48 репрезентации. Иако, ова ќе биде најголемото издание, сепак на списокот на патници нема да се најдат големи и врвни имиња.

Најголемиот шок претставува Италија, која верувале или не, нема да настапи на третиот последователен мундијал, а тоа значи нема да гледаме играчи како Џанлуиџи Донарума и Сандро Тонали.

Разочараа и фудбалерите на Полска, која беше елиминирата од Шведска во плеј-оф фазата. Роберт Левандовски кој можеби го пропушта својот последен мондијал ќе остане во татковината, заедно со соиграчот Пјотр Желински.

Данска исто така остана без билет за најмасовниот турнир откако загуби на пенали од Чешка. Расмус Хојлунд и искусниот Кристијан Ериксен веќе можат да го чекираат својот летен одмор на некоја од најдобрите светски плажи.

Нигерија повторно по којзнае кој пат не ги оправда очекувањата и беше елиминирана од Демократска Република Конго. Виктор Осимен и Адемола Лукман, ѕвездите на оваа селекција, нема да имаат можност да настапат на светското првенество. Истата судбина ја делат и Камерун со нивната ѕвезда Брајан Мбемо, како и Габон, што значи отсуство на Пјер-Емерик Обамејанг.

Во Јужна Америка, Чиле доживеа вистински дебакл завршувајќи на последното место на табелата. Истоимената репрезентација бележи неверојатен пад, а со тоа ќе останеме куси за настапот на Алексис Санчез.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести