Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Кои рекорди може да бидат срушени на Мундијалот?

Светското првенство во 2026 година носи револуционерни промени со проширувањето на 48 репрезентации, што отвора простор за уривање на многу историски достигнувања. Со зголемувањето на бројот на натпревари на дури 104, фудбалерите и селекторите ќе имаат уникатна шанса да ги загрозат рекордите кои со децении изгледаа недопирливи.

Најмногу мундијалски победи за еден селектор
Францускиот стратег Дидие Дешам е на чекор да го надмине легендарниот Хелмут Шен, кој оствари 16 победи со Западна Германија. Дешам досега има забележано 14 победи на 19 мечеви, а со оглед на полесната група со Норвешка, Сенегал и Ирак, рекордот е многу блиску. Доколку ја одведе Франција до нов трофеј, тој ќе стане само вториот селектор во историјата со две светски титули, веднаш зад Виторио Поцо.

Најмногу постигнати голови на еден турнир
Досегашниот рекорд од 172 гола поставен во Катар речиси сигурно ќе биде срушен поради новиот, проширен формат на натпреварување. Наместо досегашните 64, во Северна Америка ќе се одиграат дури 104 натпревари, што значително ја зголемува ефикасноста. Дури и со крајно дефанзивна тактика на екипите, овој Мундијал без никаков проблем би требало лесно да ја надмине границата од 200 погодоци.

Најмногу фудбалери во петтата деценија од животот
Во целата историја на Мундијалите само седум играчи настапиле со 40 или повеќе години, но летово тоа може драстично да се промени. На турнирот би можеле да се појават активни ветерани како Кристијано Роналдо (41), Лука Модриќ (40), Мануел Нојер (40) и Един Џеко (40). Доволно е само двајца од нив да добијат каква било минутажа на теренот за да се постави нов историски преседан.

Најмлад освојувач на „Златната копачка“
Германецот Томас Милер стана најмлад најдобар стрелец во 2010 година кога ја освои наградата на само 20 години. Главна закана за овој рекорд е 18-годишниот шпански феномен Ламин Јамал, доколку неговата повреда на задната ложа не го ограничи во минутажата. Покрај него, во потесниот круг млади напаѓачи кои демнат од сенка e и Ендрик од Бразил.

Најмлад освојувач на „Златната топка“
Повеќе од чеврт век никој не го загрозил рекордот на бразилскиот Роналдо, кој во 1998 година беше прогласен за најдобар играч на само 21 година. Оттогаш, со исклучок на Меси во 2014 година, ова престижно признание редовно завршуваше кај искусни ветерани постари од 30 години. Доколку нивните селекции стигнат далеку, тинејџерите како Јамал, Ендрик или младиот Жоао Невеш можат да направат вистинска сензација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.