Меѓународен фудбал Фудбал

Клоп по ремито во Солун: Победивме само против Србија, но веќе го гледам вистинскиот пат

Селекторот на Германија, Јирген Клоп, ги сумираше впечатоците по ремито без голови против Грција во Солун, истакнувајќи дека и покрај тоа што „панцерите“ освоија само еден бод од двомечот со нашите јужни соседи, тимот направил сериозен чекор напред во процесот на градба.

Германија по четири кола се наоѓа на третото место во групата зад Грција и Холандија, но Клоп смета дека за само една недела активна работа со репрезентацијата се поставени здрави темели за иднината.

„Да ми кажеше некој дека ќе имаме вака добри изданија против Србија и Грција, немаше да верувам. Имавме премалку време за работа. Победивме само против Србија, но пред неколку недели ќе имавме многу повеќе проблеми во вакви мечеви. Сега го пронајдовме вистинскиот пат и мораме да продолжиме по него.“

Во изминатите два репрезентативни циклуси Клоп тестираше дури 44 фудбалери, пробувајќи четири различни напаѓачи во исто толку натпревари. По поништениот гол на Џонатан Буркарт во Солун, германскиот стратег потврди дека за следните ноемвриски предизвици списокот ќе биде значително скратен за да се формира постабилно јадро.

Германскиот кормилар не штедеше комплименти ниту за грчката репрезентација, признавајќи дека тие се покажале како исклучително жилав и опасен противник:

„Не би сакал брзо да играм уште еден меч против Грција. Играа паметно, дисциплинирано и Грција веќе дефинитивно не припаѓа во групата на мали фудбалски земји. Да постигневме гол во Солун, немаше да можат да нè запрат, но мора да им се оддаде признание за организацијата.“

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.