Кошарка Меѓународна кошарка

Кливленд славеше во Детроит за 3-2 во серијата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд славеа по продолжение со 117:113 на тешкото гостување кај екипата на Детроит. Со овој голем триумф, тие поведоа со 3-2 во полуфиналето на Источната конференција.

Домаќините имаа сигурна предност од 103:94 на само три минути пред крајот на регуларниот дел. Сепак, упорните гости направија неверојатна серија од 9:0 и успеаја да изборат продолжение. Во дополнителните пет минути Кливленд целосно доминираше и стигна до можеби клучната победа.

Џејмс Харден блескаше во победничкиот табор со 30 поени, осум скока и шест асистенции. Кај поразениот тим не беше доволна ниту извонредната партија на Кејд Канингем со 39 постигнати поени. Следи шестиот натпревар каде Кливленд на домашен терен ќе има шанса да ја затвори серијата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести