Кошарка Меѓународна кошарка

Клиперси донесоа одлука: Богдан Богдановиќ е слободен агент, Денвер веќе ја следи ситуацијата!

Сагата околу српскиот бек Богдан Богдановиќ во Лос Анџелес Клиперс конечно доби официјална завршница. Челниците на франшизата одлучија да не ја активираат тимската опција вредна 16 милиони долари. Со овој потег, искусниот кошаркар стана комплетно слободен агент на пазарот.

Клиперси до последен момент се обидуваа да најдат соодветно решение преку трејд. Неговиот договор требаше да послужи како важен дел од некоја поголема размена. Бидејќи до таков договор не дојде, клубот се откажа и му ги отвори вратите.

Зад српскиот репрезентативец е тешка сезона проследена со повреди и пад на формата. Богдановиќ одигра само 23 натпревари за тимот од Лос Анџелес. Тој просечно постигнуваше по 7,4 поени и 2,6 скокови за 20 минути на паркетот.

Сега искусниот шутер може слободно да ги преслушува понудите од заинтересираните НБА екипи. Американските медиуми пренесуваат дека Денвер Нагетс веќе будно ја следат неговата ситуација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.