Дaлас Меверикс и официјално се разделуваат со еден од најдобрите шутери во модерната НБА ера, Клеј Томпсон. Четирикратниот шампион изрази желба да замине во екипа што ќе се бори за самиот врв, а според информациите на инсајдерот Шемс Чаранија, кариерата ќе ја продолжи во Мајами Хит, кој целосно го презеде неговиот договор и платата од 17,5 милиони долари.
Иако влезе во 37-та година од животот и зад себе има сезона со просек од 11,7 поени, Томпсон ќе биде значајно засилување во нападот за Мајами, каде што се очекува одлично да соработува со Јанис Адетокумбо. По пропаднатите шпекулации за доаѓањето на Демар Дерозан, клубот од Флорида го пронајде своето решение во петкратниот Ол-стар играч и освојувач на светско и олимписко злато со САД, а за финализирање на трансферот се чека уште официјалната потврда од Мајами.

