Ник Кирјиос го доби епилогот на својот антидопинг-случај, а казната е значително поблага од првичните очекувања. Австралискиот тенисер ќе биде суспендиран само еден месец по позитивниот тест за кокаин, а воедно ќе мора да помине и низ задолжителна терапевтска програма. Кирјиос беше привремено суспендиран од 4 август, откако забранетата супстанција беше пронајдена во неговиот примерок земен за време на турнирот во Мајорка во јуни. Пред истражителите тој објаснил дека кокаинот го консумирал во социјална средба, за време на вечерно излегување пред натпреварот, и дека не го употребил со цел подобрување на спортскиот перформанс.
Неговото објаснување било поддржано и од независен научен експерт ангажиран во истрагата. Анализата покажала дека количината на пронадената супстанција е во согласност со верзијата дека употребата се случила надвор од натпреварување. Според антидопинг-правилата, ваков прекршок вообичаено носи тримесечна суспензија. Сепак, Кирјиос ја искористил можноста казната да биде намалена на еден месец, откако се согласил да учествува во програма за третман одобрена од надлежната тениска антидопинг агенција.
Интересно е што Кириос во минатото беше еден од најгласните критичари на Јаник Синер за време на неговиот допинг-случај со клостебол.

