Авто-мото Други спортови

Кими Антонели уште во Остин може да стане најмладиот шампион

Кими Антонели се наоѓа близу до остварување на сонот. По расплетот на тркачкиот викенд во Сингапур, младата сензација на Мерцедес има огромна предност од 102 бода во однос на клупскиот колега Џорџ Расел на шест трки до крајот од шампионатот во Формула 1. Освојувањето на титулата за италијанскиот тинејџер во овој момент делува како чиста формалност, а првата математичка шанса за запечатување на тронот ќе ја има на Големата награда на САД во Остин (23-25 октомври).

Доколку ја осигура титулата во Тексас, Антонели официјално ќе го надмине рекордот на Себастијан Фетел и ќе стане најмладиот светски шампион во историјата на овој спорт. За ова сценарио да се реализира уште на следната трка, на Антонели му е потребна победа, но и поклопување на неколку услови, Расел да заврши во најдобар случај на деветтото место, а Луис Хамилтон да не биде пласиран меѓу првите четворица.

И покрај тоа што математички теоретски шанси за титулата сѐ уште имаат Макс Ферстапен (-119 бода), Шарл Леклер (-125) и Ландо Норис (-139), за нивен пресврт ќе биде потребно вистинско чудо.

И покрај огромниот историски успех кој му тропа на врата, италијанскиот возач останува цврсто стaпнат на земја:

„Знам дека титулата е блиску, знам дека е тука, но мое е да се погрижам да го дадам максимумот. Мојот пристап е секогаш ист, да излезам на патеката, да победам и да бидам најдобар што можам. Во Сингапур не возев толку добро и можам подобро, па затоа со нетрпение го чекам Остин. На крајот на денот, ако не си ја завршам работата квалитетно, резултатите нема да дојдат. Доколку сакам да го постигнам тоа што го посакувам, мора едноставно да се покажам“, истакна Антонели.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.