Најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го пропушти денешниот тренинг на националниот тим. Иако од таборот на „триколорите“ објавија дека напаѓачот нема повреда, францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека се работи за мал проблем со мускулот на бедрото, што го прави неговиот настап несигурен.
Според авторитетното издание, малку е веројатно звездата на Реал Мадрид да игра против Италија во четврток, но ќе биде на располагање за неделниот дуел против Турција. Мбапе имаше проблеми со повреда и за време на претходниот собир, кога го напушти теренот против Турција откако го постигна водечкиот гол. На тој меч Зинедин Зидан го употреби како лево крило, но во отсуство на повредениот Усман Дембеле, сега се очекува Мбапе да ја преземе позицијата централен напаѓач, улога што редовно ја има и во својот клуб Реал Мадрид.

