Меѓународен фудбал Фудбал

Кили Гонзалес ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами!

Раководството на Интер Мајами донесе одлука да го разреши досегашниот тренер Гилјермо Хојос и брзо пронајде негова замена. Нов предводник на актуелниот МЛС шампион ќе биде уште еден Аргентинец, легендата на Валенсија, Кристијан Кили Гонзалес, кој пристигнува на клупата по серијата слаби резултати и долгиот период без победа на тимот од Флорида.

Досегашниот стратег Хојос ќе ја извршува улогата на прв тренер сè додека Гонзалес не ги комплетира административните процедури за добивање работна дозвола, по што поранешниот аргентински репрезентативец официјално ќе ги преземе тренинзите и обврските на клупата.

За Гонзалес ова ќе биде прв тренерски предизвик надвор од границите на Аргентина, откако во својата досегашна кариера ги предводеше екипите на Розарио Сентрал, Унион и Платенсе. Интересен детал е што Кили Гонзалес во минатото забележа неколку настапи за националниот тим на Аргентина рамо до рамо со тогаш значително помладиот Лео Меси, а сега ги презема кормилото и одговорноста да му биде предводник во клупската средина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.