Кошарка Македонска кошарка

КФМ го одложи второто коло од МТЕЛ Супер лигата

Кошаркарската федерација на Македонија, соопшти дека второто коло од втората фаза на машката МТЕЛ Супер лига, кое требаше да започне утре, ќе биде одложено поради настапот на ТФТ во полуфиналето на АБА 2 лигата, утре против Сутјеска на домашен терен. Скопјани славеа на првиот меч на гости, па во овој меч ќе влезат со предност од 1-0 во добиени натпревари.

Одлуката за одложување е донесена со цел да се зачува регуларноста и рамноправноста во натпреварувањето, па затоа е одложено целото коло, кое ќе треба да се одигра следниот викенд.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести