По неуспешните преговори за траен трансфер во Барселона, Маркус Рашфорд летово неочекувано се врати во Манчестер Јунајтед. Иако се очекуваше шпанскиот шампион да го откупи неговиот договор, до договор не дојде, а менаџерот на „црвените ѓаволи“, Мајкл Керик, не го криеше задоволството што повторно ќе има можност да соработува со англискиот репрезентативец.
Ситуацијата во Манчестер значително се промени од моментот кога Рашфорд си замина. Рубен Аморим, кој практично го истисна од првиот тим, веќе не е предводник на клубот, а Керик делува подготвен да му даде главна улога на продуктот на клупската академија.
„Рашфорд е наш играч и неговото враќање е одлична вест. Го познавам долго време и тој може да ни донесе нешто поинакво во нападот. Со нетрпение го очекуваме стартот на новата сезона“, изјави Керик.
Изминатата сезона во сите натпреварувања за Барселона, Рашфорд оствари импресивен ефект од по 14 гола и асистенции. Последен пат вакви бројки во дресот на Манчестер Јунајтед тој имаше во сезоната 2022/23, кога постигна 30 погодоци и запиша 12 асистенции, па навивачите со право се надеваат дека повторно ќе го видат во најдоброто издание.

