Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Кејн промаши невозножно, „трите лава“ се сопнаа против Гана!

Селекцијата на Англија тотално доминираше, но не успеа да го скрши африканскиот бедем, ремизирајќи без голови против жилавата Гана во второто коло од групата Л на Светското Првенство. Избраниците на Томас Тухел имаа преку 78 проценти посед на топка и испукаа дури 18 удари, но нивната теренска иницијатива во првите 55 минути беше тотално без идеја. „Црните ѕвезди“ се бранеа фанатично и благодарение на огромната борбеност на крајот стигнаа до златен бод кој комплетно ја закомпликува групата, па сега двете репрезентации имаат по четири бода пред решавачките битки во последната рунда.

Вистинскиот хаос пред голот на Гана се случуваше во самиот финиш, кога на сцената стапи херојот на вечерта, Бенџамин Асаре. Чуварот на мрежата на Гана прво со бравурозна интервенција го спречи ударот на Букајо Сака во 86-та минута, а само неколку секунди подоцна по ударот со глава на О’Рајли, Англичаните ја погодија и пречката. Во продолжението на таа луда акција, топката падна директно пред нозете на осамениот Хари Кејн, но капитенот од само неколку метри успеа да го префрли целиот гол, оставајќи ги во шок своите соиграчи.

Во последното коло Англија ќе го поправа впечатокот против Панама, додека Гана со огромна самодоверба излегува на мегдан против Хрватска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.