Меѓународен фудбал Фудбал

Кејн му донесе тежок триумф на Баерн Минхен над Елверсберг (ВИДЕО)

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен мораше сериозно да се испоти за да стигне до трите бода против најпријатното изненадување на стартот од сезоната. Баварците славеа на гостувањето кај Елверсберг со 2:1 во рамките на 3. коло од Бундеслигата.

Баерн ја диктираше играта од самиот почеток, остварувајќи дури 72% посед на топката и упатувајќи неверојатни 28 удари кон противничкиот гол. Цврстиот отпор на борбениот домаќин прв го скрши Ленарт Карл во 26. минута, откако искористи одлична асистенција од Хари Кејн за 0:1. Сепак, Елверсберг не се предаде и во 61. минута преку Мерлин Кратенмахер донесе израмнување на 1:1, најавувајќи потенцијална сензација.

Кога на баварскиот гигант му беше најпотребно, на сцената стапи кој друг ако не Хари Кејн. Англискиот напаѓач во 72. минута, по додавањето на Александар Павловиќ, ја смести топката во мрежата за 1:2 и му донесе исклучително важна победа на својот тим.

Со овој триумф Бајерн по три одиграни кола се наоѓа на четвртото место на табелата со седум бода, додека Елверсберг, и покрај првиот пораз во сезоната, останува при самиот врв, на шестата позиција со шест бода. На чело на Бундеслигата се Борусија Дортмунд и Фрајбург со максимални девет бода.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.