Меѓународен фудбал Фудбал

Кејн испиша историја во Лигата на шампионите, сега го брка рекордот на Роналдо

Хари Кејн продолжува да ги поместува границите во европскиот фудбал. Англискиот напаѓач постигна два гола во ремито на Баерн Минхен против Викинг (3:3) и го надмина Лионел Меси според бројот на погодоци во Лигата на шампионите по навршувањето на 30 години.

Кејн сега има 36 гола на 40 натпревари во ова натпреварување по својот 30. роденден, додека Меси постигна 35 на 48 средби. Дополнително, Англичанецот постигнува голови на девет последователни натпревари, со што го израмни рекордот на Роберт Левандовски и Руд ван Нистелрој. Следната цел е рекордот на Кристијано Роналдо, кој Кејн ќе има можност да го достигне доколку продолжи со импресивната голгетерска серија.

Англичанецот има одличен почеток на сезоната, а неговата форма дополнително ја потврдува и учинокот во дресот на репрезентацијата. Во меѓувреме, Баерн работи на продолжување на договорот со својот голгетер, кој истекува следното лето. Од пристигнувањето од Тотенхем, Кејн постигна 156 гола на 154 натпревари за баварскиот гигант, потврдувајќи дека е едно од најголемите засилувања во поновата историја на клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.