Луис Хамилтон заработи казна од три позиции на стартната рамнина за Големата награда на Унгарија, откако беше утврдено дека му попречил на Оскар Пјастри во неговиот последен брз круг за време на квалификациите. Седумкратниот светски шампион оствари второ време, за само 12 илјадити делови од секундата зад освојувачот на пол-позицијата Ландо Норис, но поради инцидентот во првиот свиок наместо од првиот ред, трката на „Хунгароринг“ ќе ја започне од петтото место.
Покрај Британецот, со идентична казна од три места соочен е и Кими Антонели. Возачот на Мерцедес беше санкциониран бидејќи не намалил доволно од брзината под истакнати жолти знамиња во 14-тиот свиок за време на третата квалификациска сесија.
Овие одлуки донесоа значителни промени во првата десетка. Зад водечкиот Ландо Норис, од втората позиција ќе стартува Шарл Леклер, а по нив следат Пјастри, Верстапен, Хамилтон, Расел, Антонели, Хаџар, Линдблад и Хулкенберг. Големата награда на Унгарија се вози денеска со почеток од 15:00 часот.

