Меѓународен фудбал Фудбал

Каземиро ќе му се приклучи на Меси во Интер Мајами!

Се знаеше дека искусниот бразилски везист го напушта Манчестер Јунајтед и дека кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС-лига. Она што досега беше тајна е името на неговиот нов клуб. Искусниот 34-годишен Каземиро ги договори сите детали и официјално ќе стане нов соиграч на Лионел Меси во тимот на Интер Мајами.

Познатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо ексклузивно јави дека поранешниот ас на Реал Мадрид веќе ги договорил личните услови. Тој постигнал договор со челниците на Интер Мајами и наскоро ќе стави потпис на двегодишна соработка. Официјалната промоција најверојатно ќе го почека завршувањето на Светското првенство бидејќи Каземиро моментално настапува за Бразил на Мундијалот и сака да го задржи фокусот. Сепак, сите формалности се завршени и овој трансфер не може да пропадне.

Бразилецот во иднина ќе ја сочинува моќната двојка во средниот ред заедно со Родриго де Пол. Нивната главна задача ќе биде да му го чуваат грбот на Меси и да му овозможат целосна слобода во играта.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.