Суперѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард, се најде во центарот на голем НБА скандал поради сомнежи за илегално заобиколување на селери-капот. Според информациите што ги објави новинарот Пабло Торе, Ленард имал таен договор со компанијата „Дактроникс“ вреден 28 милиони долари, преку кој му биле исплаќани пари надвор од официјалниот буџет за плати. Независна адвокатска фирма ангажирана од НБА лигата веќе води детална истрага, а сомнежите се дека Клиперс ѝ плаќале енормни суми на компанијата за нејзините услуги, додека таа за возврат го ангажирала Ленард за рекламирање.
„Дактроникс“ е компанијата која го изработи грандиозниот ЛЕД-екран во новата сала на Клиперс, „Иинтуит Доум“, а истата фирма поставуваше екрани и за фудбалскиот клуб Роуд Ајленд, каде што инвеститор е токму Ленард. Поради отворената истрага, експресно беше стопиран веќе договорениот трејд меѓу Клиперс и Торонто Рапторс, според кој Ленард требаше да се врати во Канада во замена за Брендон Инграм, Грејди Дик и неколку пикови од драфтот.
Доколку се докаже вината, Лос Анџелес Клиперс ги чека парична казна од 7 милиони долари, губење на драфт-пикови и можна суспензија за раководните луѓе од управата. За Ленард се предвидува суспензија или поништување на неговиот договор, што иронично би им помогнало на Клиперс да го ослободат буџетот од неговите огромни финансиски барања.

