Сагата околу иднината на Каваи Ленард повторно е во фокусот на НБА јавноста, откако опциите за негов следна дестинација драстично се проширија. Според последните информации од зад океанот, битката за неговиот потпис во моментов се вжештува на две релации, сензационално враќање во Торонто Репторс или преселба во Далас Маверикс.
Посебна тежина на целата ситуација ѝ дава фактот што Торонто сериозно ја разгледува можноста да го врати човекот кој им ја донесе историската и единствена шампионска титула во 2019 година. Ленард тогаш имаше перфектна соработка со првиот човек на франшизата, Масаи Уџири, па канадскиот тим во моментов прави детални математики за тоа колку финансиски може да се истегне за повторно да го ангажира својот некогашен херој.
Сепак, Далас Маверикс имаат поинакви планови и се подготвени да направат вистински бум на пазарот. Американските новинари откриваат дека Далас и Лос Анџелес Клиперс веќе започнале прелиминарни разговори за спектакуларен трејд. Маверикс се подготвени да испратат богат пакет во Калифорнија кој би ги вклучил Клеј Томпсон, Пи-Џеј Вашингтон и неколку клучни пикови од првата рунда на драфтот. Идејата на менаџментот на Тексашаните е јасна, Каваи Ленард да биде последното шампионско парче во сложувалката покрај Кајри Ирвинг и младиот Купер Флег. Ваквиот потег веднаш би го лансирал Далас како сериозен кандидат тронот, иако долгорочно сериозно би го загрозил нивниот драфт капитал.
Клиперс воопшто не брзаат и бараат астрономска цена за својот суперстар, принудувајќи ги заинтересираните тимови сериозно да го жртвуваат актуелниот играчки кадар. Иако преговорите се во почетна фаза, јасно е дека потенцијалниот трансфер на Каваи комплетно ќе ја смени рамнотежата на силите во најсилната кошаркарска лига на светот.

