Други спортови Тенис

Катастрофа за Медведев во Монте Карло

Во второто коло од Мастерсот во Монте Карло го добивме и еден од најшокантните резултати. Русикиот тенисер Данил Медведев, кој е 10-ти на АТП ранг листата, беше декласиран од Матео Беретини со 2-0 во сетови. Италијанскиот тенисер, кој е 90-та позиција, во меч кој траеше само 49 минути, славеше со неверојатни 6-0, 6-0, недозволувајќи му на Медведев да освои ниту гем. Русинот немаше никаков одговор на одличната игра на Беретини.

Ова е прв пат во кариерата на русинот да изгуби меч без притоа да освои гем, што покажува колку лош ден имаше Медведев и каков дебакал доживеа во Монте Карло.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести