Данскиот репрезентативен голман Каспер Шмајхел официјално објави крај на својата активна фудбалска кариера. Искусниот 39-годишен чувар на мрежата беше принуден на предвремена пензија поради сериозна повреда на рамото.
Шмајхел потврди дека по консултации со повеќе врвни хирурзи добил препорака дефинитивно да престане со играње. Неговиот актуелен договор со екипата на Селтик истекува во јуни. Тоа воедно ќе биде и официјалниот крај на неговите настапи на зелениот терен.
Најголемиот успех во кариерата го постигна со Лестер, со кој сензационално ја освои Премиер лигата пред десет години. Со овој клуб стигна и до трофејот во ФА купот, пред да се пресели во Ница и Андерлехт.
За селекцијата на Данска, Шмајхел бранеше на вкупно 120 натпревари. Интересно е што неговиот репрезентативен деби натпревар пред 13 години се случи токму во Скопје. Славниот голман призна дека сонувал за поинакво простување на теренот, но е возбуден за новите предизвици во животот.

