Меѓународен фудбал Фудбал

Касемиро официјално во Интер Мајами, но МЛС отвори истрага!

Бразилската ѕвезда Касемиро е новото звучно засилување на Интер Мајами, но неговото доаѓање на Флорида веднаш предизвика голем скандал во САД. Раководството на МЛС лигата отвори официјална истрага против клубот на Дејвид Бекам поради нелегално преговарање и прекршување на протоколите за трансфери.

Имено, Лос Анџелес Галакси ги поседуваше ексклузивните права за преговори со 34-годишниот фудбалер, но Интер Мајами зад кулисите директно го договори Бразилецот пред воопшто да стапи во контакт со ривалот. Ваквиот прекршок носи сериозни санкции за клубот од Флорида, кој веќе има дебело досие за заобиколување на финансиските правила во лигата.

И покрај истрагата, досегашниот играч за врска на Манчестер Јунајтед стави потпис на договор до 2027 година со опција за уште две сезони. По добрата сезона на Островот и настапот на Мундијалот за Бразил, тој им се приклучува на Меси, Суарез и Де Пол, но во дебитантската сезона нема да зафаќа место како привилегиран фудбалер со специјален статус на плата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.