Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано повторно предизвика внимание со своите остри коментари, овојпат насочени кон тренерот Масимилијано Алегри. Касано смета дека деновите на Алегри се одбројани и дека неговата тренерска кариера одамна го достигнала врвот.
„Алегри продолжува да прави глупости, а никој ништо не презема. Зборува работи кои немаат логика и воопшто не го води тимот како што треба. Скандалозно е да се види бодовната разлика меѓу Лацио и Наполи, особено ако се земат предвид буџетите за плати. Според мене, неговото време помина уште пред седум-осум години. Тој повеќе не победува“, изјави Касано.
Но, поранешниот напаѓач не застана тука, туку направи и интересна прогноза за иднината на Алегри. Според него, доколку добие отказ, искусниот стратег би можел да продолжи во Фиорентина, каде што би соработувал со спортскиот директор Фабио Паратичи. Иако двајцата во минатото немале најдобри односи од периодот во Јувентус, Касано верува дека повторно ќе ги здружат силите. Тој дури порача дека Алегри порано или подоцна ќе заврши во Фиренца.

