Меѓународен фудбал Фудбал

КАС ќе ја разгледува жалбата на Сенегал за титулата на Африка!

Прашањето кој е вистински шампион на Африка сè уште нема конечен одговор. Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана на 8 октомври ќе ја разгледува жалбата на Сенегал против одлуката со која титулата му беше доделена на Мароко.

Африканската фудбалска конфедерација во март службено го прогласи Мароко за шампион, откако во финалето играчите на Сенегал го напуштија теренот по спорно досуден пенал. Иако подоцна се вратија и победија по продолженија, натпреварот беше регистриран со службени 3:0 во корист на Мароко. Сенегалската федерација не се помири со таквата одлука и поднесе жалба до КАС, кој ќе ја одржи расправата зад затворени врати. Од судот соопштија дека конечната одлука ќе биде донесена по разгледувањето на случајот, но нема да биде објавена на денот на сослушувањето.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.