Кошарка Меѓународна кошарка

Картичка со автограмите на Џордан и Коби вредна цело богатство

Вредноста на колекционерските предмети во светот на кошарката достигна ново ниво. На аудиција во САД, уникатна картичка со автограмите на Мајкл Џордан и Коби Брајант, неодамна беше продадена за неверојатни 869.250 долари, што е рекордна сума платена за колекционерски предмет од НБА светот.

Станува збор за вистинска драгоценост во колекционерскиот свет, картичка изработена од компанијата Апер Дек, од 2000-та година, на која освен потписите на двете кошаркарски легенди, се наоѓаат и автентични парчиња текстил од дресовите во кои настапувале. Оваа кратичка има дополнителна историска и симболичка вредност, затоа што претставува спој на две ери на едно парче хартија, спој на идолот со својот наследник, што ја прави една од напосакуваните предмети во колекционерскиот свет.

Оваа цена не е само поради реткоста на ваквата картичка, туку и поради длабоката трага која овие двајца кошаркари ја оставија во кошарката и спортот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести